Пукање во Тетово во близина на училиште – оштетени се прозорците

Денеска околу 9 часот во СВР Тетово, пријавено е дека изминатата ноќ, засега непознат сторител, со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на Средното теолошко училиште „Медреса Иса Беу“, лоциран на улица „Пробиштипска“ во Тетово.

Општетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници.

Увид извршила екипа на СВР Тетово.

Пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури и се работи на расчистување на случајот.