Пукање во Топанско Поле, двајца ранети

423

Во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ вчера во 17.15 часот било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје.

Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, двајцата повредени се припадници на арачиновската група.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.