Пукање во југозападна Германија, најмалку шест жртви

Непознато лице отворило оган во кафуле во општинта Рот-ам-Зе, во југозападната германска сојузна покраина Баден-Витенберг, а во нападот има најмалку шест жртви и неколку ранети, пренесува електронското издание на весникот Focus повикувајќи се на полициски извори.

Првично изданието Focus Online јави за шест загинати во нападот кој се случил околу 12,45 часот по локално време.

Полицијата на својот профил на Twitter го потврди нападот, но не наведува податоци за жртвите. Се додава дека напаѓачот е приведен и оти на местото на злосторството работат иследници и спасуавачи. Првично, полицијата се симнева дека мотиви се инцидентот се нарушени семејни односи.

„Има повредени и, веројатно, мртви. Тргнуваме од претпоставката дека напаѓачот ги познавал жртвите. Веројатно станува збор за конфликт на семејна основао, и поради тоа исклучуваме терористички мотиви. Осомниечниот е приведен“, изјавиле од полицијата

Агенцијата DPA во својот извештај наведува дек во Рот-ам-Зе на североистокот од Баден-Витемберг во моментов се изведува голема полициска операција. И агенцијата ја наведува информацијата за шест жртви, но и дека полицијата досега не го потврдува нивниот број.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.