Три лица биле застрелани за време на средношколски фудбалски натпревар во петокот во Толедо, Охајо, а нивната состојба не е опасна по живот, соопшти полициската управа во Толедо.
Двајца возрасни и еден ученик биле застрелани и пренесени во локална болница.
Натпреварот се играл во средното училиште Витмер, а пукањето се случило на улицата веднаш до стадионот. По пукањето на стадионот настанало стампедо, а играта била прекината.
Полицијата уапси две лица за кои велат дека се поврзани со пукањето.
– Длабоко сме тажни што забавното ривалство вечерва беше прекинато со акт на насилство на улица за време на натпреварот. Она што го знаеме во овој момент е ограничено и нема да шпекулираме додека не се дознаат дополнителни детали. Ваков настан во секое училиште е најлош кошмар, рече утринава директорката на локалното училиште, Кади Анштад.