Пукал на свадба во струшко, повредил пет лица

Вчера во струшкото село Џепин, при семејна веселба-свадба непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со повреди се здобиле пет лица кои биле присутни на прославата.

Повредените се пренесени во Медицинскиот центар Струга каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.