Пукал во лице од Мојанце за напасување на добитокот

На 18 август околу 17.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанце, општина Арачиново.

Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно, околу 16 часот А.А., брат на З.А., со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над с.Арачиново по расправија околу напасувањето на добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.