Одбраната и обвинителството во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро денеска во Кривичниот суд ги дадоа завршните зборови пред донесувањето на пресудата за обвинети.
Во своите зборови обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинитети наведувајќи дека тоа ќе превентира идни вакви убиства.
Таа образложи дека петкратното убиство извршено на Велики Четвроток на 12-ти април 2012 година имало една порака, а тоа е:
„„Пукаме на Велики четврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата. Пукаме во иднината на државата“
Според обвинителката, целта на убијците била да се предизвика чувство на несигурност. Рече дека завршниот збор и е краток како и животот на четирите млади момчиња.
Во судницата присуствуваа роднини на убиените кои исто така побараа најстроги казни за обвинетите и најавија приватна тужба за обештета .