Пукање кај гробиштата во Батинци

Доцна ноќта околу полноќ кон вторникот полицијата добила пријава дека од насока на гробиштата кај скопското село Батинци две лица пукале во возило коешто го управувал нивен соселанец со кого имале нерасчистени сметки.

Вчера вечерта во 23,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ш.А. пријавил дека во селото Батинци, додека неговиот брат 36-годишниот Р.С. се движел со патничко моторно возило „БМВ Х5“, од непосредна близина на гробиштата во слелото неколку лица, од кои двајца Р.С. познавал – З.Н. и Б.Б. и со кои предходно имал нерасчистени односи, пукале кон неговото возило, а потоа избегале.

Повредени лица нема. На местото на настанот извршен бил увид и се превземаат мерки за расчистување на случајот.