Пукање во скопско Орланци

Триесет и три годишниот Н.С. од Орланци вчера пријавил дека околу 13 часот откако со  тракторот пристигнал во неговиот двор од зад грб слушнал еден истрел од огнено  оружје.

-Откако се симнал од тракторот забележал дека неговиот братучед М.С. држел  автоматска пушка во раце, а неговите двајца браќа се обидувале да го спречат, по што М.С. избегал. По кратко време М.С. повторно дошол до пријавителот, кој  седел  во  дворот  со  неговата  мајка, сопруга, како и  неговите три деца и од автоматска пушка   испукал неколку рафални истрели кон Н.С., по што го напуштил местото на настанот. Од пукањето нема повредени, а причина била меѓусебната нетрпеливост поради нерасчистени имотно правни односи, информираат од МВР.

На местото на настанот извршен е увид од страна на  увидна  екипа од СВР- Скопје и подигнати  се три  чаури.