Звукот од петардите кај малите деца предизвикува болка и нелагодност

Еве како реагираат на звукот на петардите и огнометот бебињата и малите деца. Прочитајте како да ги утешите, но и што да направите ако вашето дете не е фасцинирано од пиротехника.

Звукот од петарди кај малите деца предизвикува чувство на болка и нелагодност. Бучавата од петардите кај децата може да поттикне развој на фобија.

Секоја година за време на празниците полицијата предупредува дека пиротехниката не смее да биде достапна за децата, затоа што тие најчесто страдаат и тука обично има повреди на рацете, дланките и очите. Често се споменува дека пуктониците може да предизвикаат траума кај животните, посебно кај кучињата, но и кај малите деца.

Според експертите ненадејните и гласни звуци од петардите може да предизвикаат страв и минлива фобија кај малите деца, а најизложени се децата на возраст од две године па до школска возраст.

Не разбираат дека не се работи за сериозна опасност

Во таа доба децата не се доволно когнитивно созреани, па така можат да развијат страв од подражавањата во околината (околу втората година од животот се јавуваат развојните стравови), а сепак тие не се доволно зрели да разберат дека не се работи за сериозна опасност. Исто така, гласниот звук предизвикува чувство на болка, посебно кај децата што имаат понизок праг на чувство на болка. Така искуството од кое детето ќе се преплаши воедно предизвикува и чувство на нелагодност и болка, а и родителите се преплашени, што мошне лесно може да стане голем извор на стрес што може да предизвика развој на фобија.

Најчесто се работи…