Пукано на нив додека биле по дрва

пушка

К.Т. и по втор пат пукал со пушката кон Д.А. и го погодил во пределот на десната надлактица, левата подлактица и левата нога, а потоа го напуштил местото на настанот. Д.А., од страна на своите браќа, бил пренесен во Јавната здравствена установа-Прилеп каде му биле констатирани телесни повреди. Полициски службеници од полициската станица Прилеп го привеле К.Т. и со потврда за привремено одземени предмети одземени му се една ловна пушка од руско производство, еден ловен карабин „Црвена Застава“, една ловна пушка од бугарско производство и два патрони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.