Пукотници во Лопате – блокиран излезот кон Куманово

Пукотници во Лопате - блокиран излезот кон Куманово
Пукотници во Лопате - блокиран излезот кон Куманово

Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили, објави Куманово њуз.

Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.

Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминалe возила со специјалци.

Просторот околу Куманово го надлетуваат и хелихоптери.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.