Пушачите се подложни на поголем ризик од хоспитализација поради Covid-19

Веројатноста дека пушачите ќе завршат на болничко лекување поради последиците од Covid-19 е за 80 отсто поголема отколку кај непушачите, а значително е поголема и веројатноста дека од последиците на оваа коронавирусна болест ќе починат во однос на непушачите, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во списанието Thorax.

Студијата, која е спроведена под водство на научници од универзитетот Оксфорд, е првата којашто ги анализирала и опсеврациските и генетичките податоцци за пушењето и коронавриусот. Досега, како што забележуваат научнициет, имало само конфликтни податоци за тоа до коај мера пушењето влијае врз хоспитализациите поради Covid-19.

Во истражувањето биле вклучени 412.469 луѓе. Меѓу нив 1.649 лица биле позитивни на коронавирусот, 968 биле примени на болничко лекување а 444 починале.

Повеќето, односно 57 отсто од вкупниот број испитаници никогаш не пушеле, 37 отсто биле поранешни пушачи, а 4 отсто пушеле во текот на траењето на истражувањето. Меѓу последните мнозинството или 71 отсто од учесниците во студијата спаѓале меѓу умерените пушачи односно до 19 цигари на ден, а другите 29 отсто биле тешки пушачи со 20 или повеќе цигари дневно. Резултатите, исто така, покажале дека во споредба со оние коишто никогап не пушеле, а сегашните пушачи од хоспитализации поради Covid-19 изнесува 80 отсто.

„Резултатите од истражувањето одат во прилог на причинско-поедичната врска меѓу пушењето и ризикот од развојот на тежок Covid-19“, наведуваат авторите на студијата.

Студијата покажала и дека лицата коишто пушат од една до девет цигари денвно се соочео двојно поголема веројатност од смртен исход на Covid-19 во однос на непушаиет, а кај оние кои пушат од 10 до 19 цигари во еден ден веројатноста е дури шест пати поголема. Кај ткн тешките пушачи ризикот е уште поголем.

„Нашите резултати укажуваат на тоа дека пушењето е поврзано со ризикот од развојот на тежок Covid-19 исто како што тоа влијае врз здравјето на срцетот, создавњето разни видови тумори и сите други состојби со кои пушењето е поврано“, вели водечкиот автор на студијата др Ешли Клиф, додавајќи дека „сега би било вистинското време да се решат да престанат да пушат“.