Пуштен во функција вториот дел од далноводот Неокази-Пробиштип

39

Официјално пуштена во употреба втората делници Неокази – Пробиштип, што е дел од новиот 110 киловолтен далновод Штип-Пробиштип. Далноводот се гради на местото на старата траса која беше во употреба цели 6 децении.

Со ова капитална инбвестиција во вредност од 2, 45 милиони евра з ацелосна енергетска функционалност на индустриската зона Неокази, во која веќе има еден голем инвеститор од металобреработувачката индустрија- изјави Зоран Заев, премиер.

Изградбата на новиот далековод ќе донесе бројни придобивки и за населението од источниот дел на земјата и ќе креира услови за долгорочно и квалитетно снабдување со електрична енергија за Пробиштип, Штип, Кратово, Свети Николе, Крива Паланка и Злетово.

После издавањето на дозволата за градба, ќе продолжи инвестицијата на МЕПСО за изградба на далеководот Штип- Овче Поле, а веданш потоа и до Скопје -4, така што целиот овој регион и целата држава ќе ја стабилизираме во енегретскиот сектор- изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

За оваа цел, МЕПСО планира да изгради вкупно 130 километри нови далноводи и ќе бидат инвестирани околу 15 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.