Пуштени во продажба билетите за мечот Вардар – Целје

Гостувањето на Целје во Скопје ќе биде одлична можност за “црвено-црните” со победа да се рехабилитираат од двата порази кои ги претрпеа од унгарскиот шампион Веспрем.

Иако “вардарци” веќе го совладаа Целје на гости, сепак ова ќе биде еден исклучително тежок натпревар, па затоа ќе биде потребна и огромна поддршка од публиката.

Веќе се пуштени оние преостанати 1000 билети за седење, а дополнително ќе бидат пуштени уште 600 билети за стоење. Билетите за седење ќе бидат со цена од 350 денари, додека оние за стоење ќе се продаваат по цена од 120 денари.

Влезниците може да се набават на билетарницата на СЦ “Јане Сандански” или преку продажната мрежа на MKtickets.mk.