Пусиќ: Четири Хрватки меѓу џихадистите на ИД

Шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ изјави дека четири државјанки на Хрватска се омажиле за џихадисти на групата Исламска држава (ИД) и оти хрватските власти ги следат овие случаи.

– Вкупно има четири наши жени членки на ИД. Тие не се заминати таму да војуваат, туку како сопруги. Омажени се и живеат заедно со борците на ИД. Тие се наоѓаат на територијата која ја контролира ИД и имаме информации за нив преку соодветни служби, како и од соработката со други меѓународни служби, изјави Пусиќ, додавајќи дека го следат секој нивен контакт со други луѓе во Хрватска или со нивните блиски.

Претходно косовските медиуми, јавија дека две поранешни жителки на Загреб, деновиве биле ранети при водушните напади во Раѓа, кој се смета за главен град на калифатската држава.

Како што пренесуваат косовските медиуми, станува збор за Фатима Махмудовиќ и Дора Балиќ. Махмудотвиќ, по потекло од селото Сладна, есента 2013 година заедно со синот Јасмин заминала за Сирија, каде нејзиниот постар син Мирзат војувал на страната на ИД повеќе од 1,5 години.

Загрепчанката Дора Балиќ, пак, пред две години го примила исламот, по што заминала да живее во босанска Горна Маоча. Кусо потоа се омажила и заедно со сопругот заминале во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.