Путер од кикиритки со чоколадo се повлекува поради небезбедност

Агенцијата за храна и ветеринарство алармира граѓаните што го купиле путерот од кикиритки „Bio Chocolate Chip peanut butter“ со сериски број односно лот ЛО107 и рок на употреба до први јули 2023 година, да не го конзумираат и да го вратат во продажните места каде што го купиле. Причината за тоа е што АХВ го отповика овој производ поради небезбедност, односно поради тоа што во него присутен бил недеклариран алерген млечен протеин. Производител на путерот од кикиритки е компанијата Nature`s Finest а увозник и дистрибутер „Зегин“.

„Крајните потрошувачи кои го имаат купено горенаведениот производ со посочениот сериски број, истиот да не го конзумираат и да го вратат на местото од каде го купиле“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.