Путин ја оцени позитивна динамиката на руската економија и покрај санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин позитивно го оцени развојот на руската економија во изминатата 2022 година и покрај западните санкции без преседан поради нејзината воена интервенција во соседна Украина и го процени нејзиниот пад на годишно ниво за 2,5 отсто, што е многу помалку од предвидувањата на аналитичарите и оти покажува дека е отпорна.

На состанокот со највисоките функционери, меѓу кои и премиерот, министерот за финансии и претседателката на руската централна банка, Путин истакнувајќи да треба да се поттикне растот на платите, предложи да се дискутира за клучните економски показатели во економијата и во земјата и на светските пазари. Според него, рускиот бруто домашен производ (БДП) во изминатите лански 11 месеци од јануари до ноември бил намален за само 2,1 отсто, но дека се очекува дека на ниво на целата година тој пад ќе изнесува 2,5 отсто.

„Сегашната динамика е подобра од многу стручни предвидувања. Помнете, тоа го предвидуваа и нашите експерти, а да не зборувам за странските кои предвидуваа пад од 10, 15 па и 20 отсто. Годишно се очекува пад од 2,5 отсто“, рече Путин.

Путин истакна дека веќе во третиот и четвртиот квартал од 2022-ра е забележан економски раст во споредба со остриот пад во второто ланско тримесечје и повика да се поддржи позитивниот тренд во економскиот развој.

Рускиот челник ги истакна и стапките на рас во различните сектори, особено во агро и воено-индустриските комплекси. Притоа, Путин посочи дека во вториот сектор некои компании кои се „префрлија на речиси 24-часовна работ покажуваат одлични показатели“.

„Воено-индустрискиот комплекс дава голем придонес во динамиката на производствените сектори. Во текот на изминатата година тој доби сериозен замав и продолжува да го зголемува својот капацитет, претпријатијата работата во неколку смени, речиси деноноќно“, рече Путин.

Зборувајќи на темата се енергетските ресурси, Путин оцени и дека и покрај санкциите, производството на нафта во Русија се зголемило за околу 2 отсто и изнесувало 535 милиони тони. Од друга страна, и покрај зголемувањето на цените на горивата на светските пазари, руските компании го намалиле производството, но притоа значително го пополниле државниот буџет.

„Производството на природниот гас е намалено за 11,8 отсто. Истовремено се забележува дека светските цени на гасот значително се зголемија поради активностите (санкциите) на западните земји. Како резултат на тоа, руските извозници на гас изминатите две години работеа со добар профит и значително зголемување на приносите во буџетот“, додаде Путин.

Притоа, додаде рускиот челник, расходите на земјата значително се зголемиле, надминувајќи го износот од 31 трилион рубљи, или половина трилион американски долари. Путин потврди дека Русија бележи буџетски дефицит, но оцени дека тој е на „добро ниво“.

„Нашите расходи се зголемија. Притоа трошоците се зголемија по повисока стапка, позабележително за една четвртина…. Поради тоа дефицитот во буџетот изнесуваше …. 2,3 отсто од БДП-то“, рече Путин истакнувајќи дека таквото ниво на буџетски дефицит е едно од најдобрите меѓу земјите од Г20.

Поради инвазијата врз Украина, западните земји воведоа пакет санкции за руските субјекти, што влијаеше на некои економски сектори. Меѓу другото, најголемите руски банки се исклучени од SWIFT, комуникацискиот систем за финансиските институции, а попречен е пристапот на Русија до технологијата и извозот на нафта и гас, кои се огромен извор на руски приходи. Владата и руската централна банка ги признаваат таквите проблеми, но Москва укажува на показателите кои укажуват дека нејзината економија е жилава и дека санкциите се имаат повретно негативно дејство кон Запад, бидејќи ја поттикнуваат инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата.