Путин ја примил експерименталната вакцина против Covid-19

Рускиот претседател Владимир Путин потврди во средата дека е меѓу првите лица на коишто им е дадена експерименталната вакцина против коронавирусната болест Covid-19 која се дава во прашкаста форма.

Рускиот челник потврди дека ја примил назалната вакцина, веднаш по примањето на дополнителната доза во понеделникот, кога Путин и ја објави својата намера да биде меѓу волонтерите за новиот препарат на средбата со заменикот директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Оваа пролет Путин беше вакциниран со двокомпонентната вакцина „Спутник V“

„Следниот ден по разговорот со Логунов, тој самиот го спроведе вториот дел од оваа процедура, а поточно тоа е назален прашок“, појасни Путин.

Рече дека Логунов наместо течност во обичен шприц земал прашок, „шприцна од едната, па од другата страна“ во носот, а откако поседел 15-ина минути немало никакви манифестации.

„Ми рекоа длабоко да вдишам и да бројам до три. Шест месеци по мојата вакцина, нивото на антителата во мојот организам опадна, па стручњаците ми предложија да се ревакцинирам“, изјави Путин пред новинарите потврдувајќи дека пред два дена ја примил дополнителната доза од вакцината од препаратот „Спутник лајт“, која инаку се дава и како една доза за целосно вакцинирање против Covid-19.

Путин додал и дека по ревакцинацијата и примањето на назалниот експериментален препарат тој веќе во средата спортувал.

Кон средината на октомври руското министерство за здравство го одобри кличничкото испитување на вакцината со експериментална ознака „SPRAY 08-Гам-КОВИД-Вак-2021“, развиена од московскиот институт „Гамалеја“. Како што истакан тогаш директорот Александр Гинцбург, досега не се забележани несакани ефекти од примената на назалниот препарат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.