Путин ја призна победата на Лукашенко, го критикува ОБСЕ

Русија ги признава како легитимни претседателските избори кои се одржаа на 9-ти август и кои ги предизвикаа досега најмасовните протести во Белорусија, а претседателот Александр Лукашенко за победник, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин поставувајќи ги прашањето зошто ОБСЕ одби да испрати набљудувачи на изборите.

„Ние поаѓаме од тоа дека изборите се одржаа. Јас тоа го сторив веднаш, ние ја признавме легитимноста (на изборите) и, како што е познато, му честитав на Александр Григоревич Лукашенко на победата на овие избори. Тоа е сѐ“, рече Путин во програмата „Вести во сабота на телевизискиот канал Россия-1.

Одбивањето на претставниците на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ да ги следат изборите во Белорусија, според оцената на Путин, дава причина за сомневање дека позицијата на Западот во однос на овој процес била однапред подготвена.

„Белоруските власти ги поканија ОБСЕ/ОДИХР да учествиваат во набљудувањето на изборите. Зошто тие не дојдоа? Ова веднаш нѐ наведува на помислата дека, всушност, веќе бил подготвен ставот за резултатите од овие избори“, рече Путин.

Според рускиот челник, секој може да искажува сомневање во резултатите од белоруските избори, но „нема ништо идеално во светот, ниту во политиката, ниту во економијата, ниту во социјалната сфера“. „Дури и во природата ништо не е совршено, иако тоа е најсовршената сфера создадена до Бога“, додаде Путин.

„Имам доста основи да се сомневам во тоа дека оние кои се соменваат (во белоруските избори – з.р.) биле апсолутно честни и искрени“, додаде рускиот претседател.

Резултатите од претседателските избори во Белорусија не ги признава Европската унија и подготвува санкции за високите белоруски владини функционери. Брисел го повика Лукашенко на дијалог со опозицијата, но по продолжените странски притисоци врз Минск тој едноставно да отстапи од власта, претседателот кој од 1994 авторитарни управува со земјата одбива да направи отстапки. Лукашенко го осудува „западниот заговор“, предупредува на раздвижувањата на војските на НАТО на самите белоруски граници, што според него е показател за планови да се урне власта во Минск и да се повтори сценариото од Украина.