Путин: Ја разбираме загриженоста на Турција за безбедноста на нејзините јужни граници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека создавање безбедносна зона на турско-сириската граница ќе помогне за зачувување на територијалната целост на Сирија.

– Ја разбираме загриженоста на Турција за безбедноста на нејзините јужни граници и сметаме дека тоа е оправдан интерес на Турција. Според наше мислење, создавањето безбедносна зона на јужната граница на Турција ќе помогне како важен предуслов и за зачувување на територијалната целост на самата Сирија, рече Путин.

Тој на заедничката прес-конференција во Москва со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече и дека Русија го поддржува намалувањето на затегнатоста во регионот и оцени дека главна цел е да се стабилизира ситуацијата во Сирија и да се обезбеди политички процес.

Путин информира и дека со Ердоган разгледале „дополнителни мерки за протерување на терористите од сириската провинција Идлиб.