Путин дава 10 дена одмор на граѓаните

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека следниот месец десет дена ќе бидат неработни, со цел да ѝ се овозможи на државата поефикасна борба против пандемијата на коронавирусот, која според официјалните податоци полека стивнува.

– Ако сметате дека е потребно, ќе потпишам указ уште денеска – најави тој во телевизиска дебата, одговарајќи на прашање на шефот на руската здравствена агенција, која смета дека тоа би овозможило стабилизирање на пандемијата.

Неработните денови ќе траат од 1 до 10 мај.

Според директорката на руската здравствена агенција Роспотребнадзор, Ана Попова, пандемијата во Русија се смирува, но во последните неколку недели е нешто побавна.

– Практично сме во стагнација и во голем број региони постои тенденција дека ситуацијата може да се искомплицира – додаде таа.

Според нејзиното мислење, десет неработни дена би го намалиле движењето на граѓаните, а со тоа и ширењето на вирусот.