Путин демантира дека е сопственик на резиденција на Црното Море за која го обвинува Навални

Во видео снимката објавена на “Life Youtube” каналот на Алексеј Навални на 19-ти јануари се прикажува имот и вила кај Црното море…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска лично демантирал дека е сопственик на луксузната резиденција, за која го обвинил затворениот опозиционер Алексеј Навални, а чија он-лајн истрага за таа куќа е прегледана 86 милиони пати.

“Не сум го гледал тој филм бидејќи немам време. Ништо од тоа што е прикажано како мое, не ми припаѓа ниту на мене, ниту на моите блиски”, рекол Путин во разговор со руските студенти по повод “Денот на студентите” пренесуван преку телевизија.

Во видео снимката објавена на “Life Youtube” каналот на Алексеј Навални на 19-ти јануари се прикажува имот и вила кај Црното море.

Тимот на Навални објавил видео наведувајќи дека таа луксузна “палата” е изградена за претседателот Путин преку комплицирана корупциска шема, пренесува агенцијата “AP”.