Путин до африканските челници: Го цениме вашиот став за Украина, отворени сме за дијалог

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата вечерта во Санкт Петербург им порача на африканските челници дека Русија го поздравува нивниот урамнотежен пристап за конфликтот во Украина и дека е отворена за дијалог, а за војната и прехранбената криза повторно го обвини режимот во Киев и колективниот Запад кој наметнува жестоки санкции за Москва.

„Отворени сме за конструктивен дијалог со сите оние коешто сакаат мир заснован на начелата на правдата и уважувањето на легитимните интерси на вклучените страни“, рече Путин.

Посочи дека Русија никогаш не ги одби разговорите со украинската страна, но дека Киев ги блокирал.

Кон крајот на март 2022 година по средбата на руската и украинската делегација на преговорите за постигнување прекин на непријателствата во Истанбул двете страни постигнаа приближување на ставовите, и како што тогаш објавија највисоките функционери на Турција договорот бил многу близу. Меѓутоа, веќе на почетокот од април во ненадејни посети на Киев пристигнаа тогашниот британски премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин, по што Украина сосема се повлече од преговорите, па во продолжение дури и донесе закон дека не смее да се преговара со Москва додека е на власт Путин.

Челниците на Јужноафриканската Република, Сенегал, Египет, Замбија, Република Конго и Коморските острови по посетата на Киев во петокот во саботата во северната руска престолнина се сретнаа со Путин во владината резиденција Константовски од XVIII век.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кој е руски близок партнер од блокот БРИКС а ја водеше африканската делегација, прв во саботата пристигна во некогашната престолнина на руското царство „за таму да се обиде да го пронајден патот до мирот по шеснаесетмесечниот руско-украински судир кој предизвика нестабилност на глобално ниво“, објави неговиот кабинет во ЈАР.

Африканските челници бараат договор за низа „мерки за градење доверба“, иако Украина минатата седмица започна протиофанзива во обидот да ги потисне руските сили од украинска територија, но освен заземањето на четири небранети населени места не оствари видливи поместувања на линијата на фронтот.

Рамафоса ги изложи десетте точки од африканската иницијатива, велејќи му на Путин „Дојдовме да ве послушаме вас, а преку вас и рускиот народ, и да ве поттикнеме да влезете во преговори со Украина за да ставиме крај на оваа тешка состојба“.

„Тргнавме во оваа мисија бидејќи како Африканци, за жал, моравме да управуваме со бројни судири, а низ дијалогот и преговорите ние успеавме да ги решиме“, рече Рамафоса.

Путин прво им посака добредојде на африканските лидери истакнувајќи ја доследноста на Русија во однсите на меѓусебно уважување со земјите од африканскиот континент, но по презентацијата од страна на челниците на Коморските острови, Сенегал и ЈАР, се уфрли за да оспори некои претпоставки од нивниот план и да изнесе низа причини поради кои верува дека многу од нивните предлози се погрешни.

Го повтори официјалниот став на Москва дека судирот украинскиот режим во Киев и ткн колективен Запад предводен од САД го започнале многу пред Русија да ги испрати своите трупо во соседната земја, уште со превртот во 2014 година и подготовките за офанзива минатата пролет во одметнатите доминантно руски и рускојазични источни украински региони кои според мировниот план од Минск од 2015-та требаше да добијат одреден степен на автономија и да го врат рускиот јазик како официјален, но што никогаш Украина не го спроведе.

Африканскиот план вклучува и апели сите деца да се вратат во местата од каде дошле, на што Путин ги потсети дека Русија не ги спречува украинските деца да вратат дома, доколку се пријавата родителите или крвни и правни старатели. Неодамна руските медиуми објавија податоци од полицијата, дека се забелажани случаи на пријавување на украински граѓани како официјални старатели но децата наместо во Украина ги носат во западноевропските земји.

„Ги извлековме (децата) од зоната на судирите, спасувајќи им ги животите“, потсети Путин.

На африканските челници им предочи и дека извозот на украински житарки според договорот кој го обезбедува нивниот сигурени премин низ Црното Море не помага во решавањето на проблемите на Африја со виските светски цени на храната, бидејќи само 3 отсто од нив отишле во најсиромашните земји, додека другите пратки со бродови иако се најавени за африкански пристаништа во текот на пловидбата се скршнуваат главно кон западноевропските пристаништа. Исто така, потсети дека во европските пристаништа остануваат заробени руските стоки во прехранбени, земјоделски продукти и ѓубрива од кои Москва се откажа без надомест во полза на африканските земји.

„Прехранбената криза ја предизвикаа активностите на западните земји, а не специјалната воена операција“ во Украина, рече Путин.

Патувањето на африканските челници во Русија следеше два дена по нивната посета на Киев, каде што, според извор на Reuters челновите на делегацијата одржале „конструктивни разговори“ со украинскиот претседател Володомир Путин. Таму Африканците заклучиле дека би требало да биде постигната „деескалација од двете страни“.

Покрај Рамафоса, африканската делегација ја сочинуваат уште тројца претседатели – Маки Сал на Сенегал, Хакаинде Хачилема на Зимбабве и Азали Асумани на Коморските острови, актуелниот претседател на Африканската унија, како и високи претставници на Конго, Уганда и Египет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.