Путин до Меркел: Украина е на раб на граѓанска војна

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупредил германската канцеларка Ангела Меркел дека ескалацијата на судирите во Украина би ја довеле земјата на раб на граѓанска војна, соопшти прес службата на Кремљ.

Сериозната ескалација на конфликтот во суштина ја доведе земјата на раб на граѓанска војна, наведено е во соопштението на Кремљ.Телефонскиот разговор меѓу Путин и Меркел бил на иницијатива на Берлин, пренесува АФП.

Меркел и Путин го потенцирале значењето од суштински разговори на САД, ЕУ, Русија и Украина во Женева.

И покрај разликите во толкувањето на актуелните случувања во фокусот на разговорите биле и подготовките за состанок на 17 април во Женева, соопшти Канцеларијата на германската канцеларка, пренесува Ројтерс.

Изразена е надежта дека на средбата во Женева ќе се успее да се даде јасен сигнал со кој ќе се придонесе во приведување на ситуацијата во Украина на мирен колосек, наведено е во Кремљ.

Путин исто така потсети на важноста на стабилизирање на економијата на Украина и сигурност во испораките и транзитот на рускиот природен гас во Европа, за кој се говори во писмото на лидерите на европските земји на 10 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.