Путин допатува во посета на „драгиот пријател“ Кси, како доказ на безграничното партнерство

Рускиот претседател Владимир Путин допатува во вторникот во Пекинг, каде што ќе се сретне со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг, во посета којашто ќе ја демонстрира длабоката заемна доверна и партнерстовото без граници меѓу Русија и Кина.

Кси последен пат се сретна со „драгиот пријател“ во Москва во март. Тогаш го покани Путин на самитот Појас и пат, меѓународен форум што го предводи кинескиот претседател. Путин и Кси ќе се сретнат во среда.

Пекинг ги отфрли притисоците и критиките од Западот поради неговото тесно партнерство со Москва, дури и додека се чинеше дека војната во Украина никогаш нема да престане, опстојувајќи на ставот дека нивните врски не ги кршат меѓународните норми, но и силно порачувајќи дека Кина има право да соработува со која и да сака земја.

Путин последен пат ја посети Кина на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг во февраури 2021 година, кога Русија и Кина објавија дека нивното партнерство „нема граници“ само две седмици пред почетокот на руската „специјална воена операција“ во Украина.

Непосредно пред да отпатува за Пекинг, во разговорот за кинеската државна телевизија од кој во понеделникот без објавени исечоци,
Путин изјави дека кинескиот предлог за постигнување мир во Украина би можел да стане реалистична основа за договор меѓу Москва и Киев.
Путин констатираше дека Украина не ги дозволува преговорите за мир, потсетувајќи дека во раната фаза од преговорите уште во февраури минатата година беше убиен еден од украинските преговарачи како и од ланскиот март кога во Истанбул беше постигнат договор, но од кој се повлече Киев, а истакна дека украинските власти донесоа по иницијатива на претседателот Володомир Зеленски закон со кој се смета за предавство секое преговарање за примирје или мир со Москва.

„Како можете да одржувате преговори, кога тие тоа не го сакаа и објавија нормативен документ кој ги забранува?“, посочи Путин и истакна дека предуслов за почетокот на преговорите е укинување на тој декрет и постоење волја за разговор.

Киев е упорен дека руската војска мора да се повлече на границите од пред март 2014 година пред каков и да е почеток на преговорите, додека Москва посочува дека укринската страна мора да ја прифати реалноста, односно присоединувањето на југоисточните украински региони со доминантно руско население, вклучително и црноморскиот полуостров Крим кон Русија, што Украина и Западот не ги признава.

Кинескиот предлог за мир беше отфрлен, иако во него се зборува за почитување на украинскиот територијален интегритет и суверенитет, од Украина и нејзините воени поддржувачи од Западот, во прв ред САД, бидејќи ја сметаат Кина за сојузничка на Русија и затоа што никогаш не ја осуди руската инвазија од 24-ти февруари 2022 година.

Се очекува дека во Пекинг, Кси и Пути ќе разговараат за меѓународната политика, вклучително и за ситуацијата на Блискиот исток во контекстот на војната меѓу Израел и радикалното палестинско движење Хамас, соопшти Кремљ.

Во придружба на Путин во Кина ќе отпатува и Алексеј Милер, извршниот директор на гасниот гигант „Газпром“, како и Игор Сечин, директорот на нафтениот гигант „Роснефт“. И двете компании имаат огромни договори со кинеските државни енергетски компании за испораки и градење на инфраструктура којашто ќе ги поврзе руските наоѓалишта во Сибир со кинеските потрошувачи на енергенси.

Сепак, агенцијата РИА, која се повикува на Јуриј Ушаков, советникот на претседателот Путин, пренесе дека во текот на посетата не се очекува потпишување нови гасни или нафтени договори. Притоа се потсетува дека Путин во текот на посетата на Пекинг минатата година осигура 30-годишен договор за снабдување на Кина со 10 милијарди кубни метри гас од рускиот остров Сахалин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.