Путин ќе ја посети Турција во јануари

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе ја посети Турција во првите десет дена од Јануари, соопшти неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Во еден од последните телефонски разговори претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговарале и за посетата.

Се очекува до тогаш во Турција да биде готов копнениот дел од „Турски поток”.