Путин: Ќе се создаде фер мултиполарен свет

Русија и нејзините меѓународни партнери заедно ќе изградат фер мултиполарен свет, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Москва е подготвена да соработува со сите заинтересирани нации за справување со заедничките закани и предизвици, изјави Путин во своето видео обраќање пред учесниците на 11. Меѓународен состанок на високите претставници за безбедносни прашања во средата.

„Уверен сум дека заедно ќе постигнеме формирање на поправеден, мултиполарен свет и дека идеологијата на ексклузивност, како и неоколонијалниот систем, кој овозможи да се искористат ресурсите на целиот свет, ќе станe минато“, им рече рускиот лидер на странските безбедносни претставници.

Русија има партнери во многу различни региони и континенти, а властите на земјата „високо ги ценат“ тие односи, рече тој.

„Ги цениме историски силните, пријателски, вистински доверливи врски со државите од Азија, Африка и Латинска Америка и ќе ги зајакнеме на секој можен начин“, додаде Путин.

Според рускиот лидер, напорите на САД и нивните сојузници да ја задржат својата доминантна улога вклучуваат „зголемување на воен потенцијал, бесрамно мешање во внатрешните работи на други земји, како и обиди за извлекување унилатерални предности од енергијата и кризи со храна, предизвикани од голем број западни држави“.

Како резултат на тие акции, нивото на нестабилност расте на меѓународната сцена, истакна Путин.
„Во различни региони, старите жаришта се шират и се појавуваат нови… Луѓето во многу држави доживуваат драматични последици од државните удари, организирани однадвор“, рече тој.

Сепак, претседателот инсистираше на тоа дека Русија е уверена дека постои алтернатива на западната политика која е заснована „на уцени и незаконски санкции“.

Земјите треба заеднички да работат на „зајакнување на стабилноста во светот, конзистентна изградба на систем на обединета неделива безбедност, решавање на главните задачи за обезбедување на економски, технолошки и социјален развој“, нагласи Путин.

Единаесеттиот меѓународен состанок на високите претставници за безбедносни прашања, чиј домаќин е Советот за безбедност на Русија, се одржува во Московскиот регион од вторник до четврток. На настанот, на кој се собраа делегации од повеќе од 100 земји, учесниците ќе разговараат за меѓународната ситуација и за најитните безбедносни предизвици со кои се соочува светот во моментов. Посебно внимание ќе биде посветено на прашања како безбедноста на храната и информациите, како и соработката во справувањето со трговијата со дрога, велат организаторите.