Путин: Елтон Џон е генијален музичар, но погрешно ги сфаќа правата на ЛГБТ лицата во Русија

Photo by Joe Papeo/WWD/REX/2018

Рускиот претседател Владимир Путин рече во саботата дека познатиот британски пејач Елтон Џон погрешно ги сфатил правата на ЛГБТ лицата во Русија, истовремено фалејќи го како музички гениј.

Британскиот музичар во петокот изјави дека е „длабоко вознемирен“ поради коментарот на рускиот претседател, според кој либералната политика, којашто Елтон Џон ја толкува како мултукултурализам и полова различност во општеството – е „застарена“, како и дека големото мнозинство од граѓаните во западните земји ги отфрлиле ваквите либерални вредности.

Елтон Џон на својот профил на Instagram реагираше на интервјуто на Путин за британскиот весник Financial Times во кое рускиот челник рече дека во Русија немаат ништо против луѓето со „нетрадиционални полови ориентации“. Музичарот ги нарече „лицемерни“ изјавите на рускиот претседател за „сексуалните малцинства“. Имено, Путин реќе дека „сака лицата со ЛГБТ ориентација да бидат среќни“, иако, како што забележува музичарот, руската верзија на филмот „Рокетмен“, кој е посветен на неговиот живот, во земјата била остро цензуриран, и оти наводно биле исечени некои сцени.

„Многу го почитувам, тој е генијален музичар, сите уживаме во неговата музика, но мислам дека е во заблуда“, одговори Путин за новинарите по завршувањето на самитот на Г20 во јапонска Осака, одговарајќи на прашањето за коментарите на Елтон Џон.

Путин додаде дека руските власти имаат „лежерен и непристрасен“ став кон лицата со ЛГБТ ориентација, но дека одлуките за родовиот идентитет може да ги донесат само возрасни лица, па оттаму малолетниците мора да бидат изоставени и поштедени од тоа. Имено, рускиот закон забранува „промовирање на хомосексуалноста меѓу малолетниците“, што ќе подразбере и манифестации во јавноста и истакнување материјали на места од кои се достапни за малолетниците.

Како што рече Путин во интервјуто, во Русија „немаат ништо против нетрадиционалната сескуална ориентација“, но „некои работи … излгедат излишни“. Според него, невозножно е „да се заборави и културата, традициите и традиционалните темели на семејството со кои живеат милиони од автохтоното население“.

„Има закон за кој ни се потсмеваат, за забрана на пропагандата меѓу малолетниците. Но да му дозволивме на едно лице да порасне, а потоа да одлучи кој е и каков. Се јавуваат шест или пет рода (…) Не разбирам што е тоа. Да даде Господ, се разбира, здравје на сите. Но не ги чепкајте децата!“, порача рускиот претседател во Осака.

Путин, исто така, рече дека иако не ја порекнува атрактивноста на либералните вредности, во споменатото интервју мислел на ситуацијата во коишто тие го нарушуваат традиционалниот стил на животот.

Рускиот претседател призна, исто така, дека бил изненаден од реакцијата на своите размислувања за падот на привлечноста на либерализмот на Западот, изразени во интервјуто за Financial Times, кое беше објавено непосредно пред почетокто на самитот.

„Сепак, интервјуто предизвика интерес. Колегите разговараа со мене за темите кои беа допрени (во интервјуто – з.р.), некои ги поддржаа, некои опонираа“, оцени Путин.