Путин и Ердоган го сметаат убиството на Сулејмани поткопување на стабилноста на Блискиот исток, бараат прекин на огнот во Либија

Русија и Труција се загрижени поради ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран, како и од нејзините негативни последици за Ирак, се наведува во заедничката изјнава на рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган објавена на интернет страницата на Кремљ.

Во заедничката изајва се додава дека Москва и Анкара го сметаат американскот убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани минатиот петок во Багдад, како чин кој ја поткопува безбедноста и стабилноста во регионот на Блискиот исток.

„Длабоко сме загрижени од ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран, како и нејзинтие негативни последици на Ирак. Сметаме дека операцијата на САД против командантот на (иранските) специјални сили Ал Кудс на Корупусот на гардата на исламската револуциај, генералот Касем Сулејмани и блиските лица во Багдад на 3-ти јануари 2020 година, како чин на поткопување на безбедноста и стабилноста во регионот“, се истакнува во соопштението,.

Коментирајќи ги синоќешните ирански ракетни напади врз американските бази во Ирак, челниците на Русија и на Турција истакнуват дека „размената на напади и користење на сила од која и да е страна не придонесува за репавње на сложените проблеми на Блискиот исток и води кон нова спирала од нестабилност, што не е во ничив интерс“.

„Ние отсекогаш сме се спротиставувале на странското мешање во меѓукултуролошките конфликти. Во врска со тоа, ја изјавуваме нашата заложба да се деескалира тензијата во регионот и ги повикуваме сите страни да постапуваат со возддржансота, покажувајќи здрав разум и давајќи им приорите на дипломатските средства“, се додава во задничката изјава на Путин и Ердоган.

Претседателите на Русија и на Турција, исто така, повикаа за прекин на огнот во Либија од 12-ти јануари на полноќ, изјави во средата на брифинг турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средба во рускиот минстер за надворешни работи Сергеј Лавров,

„Претседателите Ердоган и Путин повикаа за прекин на огнот во Либија што треба да стапи на сила на полноќ на 12 јануари“, изјави турскиоит шеф на дипломатијата.

„Во разговорите на проширената средба меѓу двете делегации Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин разговараа и за билатерални прашања и регионални теми. Беа разменети мислења за прекин на огнот во Идлиб за тензиите меѓу Иран и САД, за состојбата во Либија и во Ирак“, нагласи Чавушоглу