Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ја нагласиле важнјоста на соработката околу вакцина и терапија против коронавирусот, соопшти Кремљ.
Двајцата претседатели преку телефон разговарале за проблемите во борбата против коронавирусот, пренесе „ТАС“.
Путин и Ердоган го истакнале значењето на понатамошната соработна меѓу релевантните агенции на двете земји во развојот на вакцина и терапија за лечење на инфекцијата, се наведува во соопштението.
Претседателот на Русија им се заблагодарил на турските партнери за помошта во организацијата на репатријација на руски државјани и за хуманитерната помош во голем број на руски региони.
Путин и Ердоган повикале на зајакнување на напорите за примената на руско-турскиот договор за Идлиб и Сирија и изразиле загриженост заради влошување на ситуацијата во Либија.