Путин и Мекрел бараат заеднички моменти во однос на Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин порача во петокот на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Сочи дека ќе се спротистави на секој обид на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го блокира руско-американскиот гпрокет за гасовод преку Балтичкото Море.

Русија и Германија ги нарушија претходно блиските односи во 2014 година по избувнувањето на украинската криза, но и покрај разликите по однос на повеќе глобални прашања сакаат да го сочуваат меѓународниот нуклеарен договор со Иран од кој истапија САД, а особено имаат заеднички интерес во проектот Северен тек 2, кој на Русија ќе ѝ овозможи во северна и централна Европа со заобиколување на Украина да извезува повеќе природен гас.

Претходно седмицава агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на помошникот државен секретар на САД, Сандра Оудкирк, пренесе дека во случај на продолжување на градењето на гасоводот Северен тек 2, Вашингтон може да разгледа соодветни мерки во рамките на законот „За борба против непријателите на САД преку санкции“ (Countering America’s Adversaries Through Sanctions Act – CAATSA). Таа објасни дека позицијата на САД е дека изградбата на гасоводот ќе ја зајакне зависноста на Европа од рускиот гас.

САД сакаат да го блокираат гасоводот Северен тек 2 затоа што сакаат да ги зголемат извозот на својот природен гас произведен од шкрилци, објасни во петокот германскиот министер за стопанство Петер Алтмајер, порачувајќи дека Европа ќе се бори за своите интереси.

„Доналд не е само претседател на САД, тој е и добар тврд претприемач. Тој ги промовира интересите на своите бизниси за да обезбеди продажба на течен природен гас на европскиот пазар. Го разбирам претседателот на САД. Тој ги брани интересите на неговиот бизнис, сака да го протурка својот производ на европскиот пазар. Но тоа зависи од нас, од тоа како ги градиме нашите односи со нашите партнери. Ќе зависи од нашите партнери во Европа. Ние веруваме дека гасоводот ни е од полза и ќе се бориме за него“, изјави Путин на прес-конференцијата со Меркел по разговорите.

Меркел, којашто претходно во петокот по доаѓањето во нејзината резиденција во Сочи од Путин доби букет розови и бели рози, исто така, ја спомена темата која предизвикува нови тензии меѓу Берлин и Вашингтон. Покрај разликите во врска со Северен тек 2, европските престолнина се против одлуката САД да се повлечат од иранскиот нуклеарен договор, американските царини за алуминиумот и челикот, враќањето на санкциите за Иран што ќе оштети европските компании…Москва особено го споделува со Европјеците ставот за меѓународниот нуклеарен договор.

„Германија, Британија, Франција и сите наши партнери во Европската унија продолжуваат да го поддржуваат тој договор и знаеме дека дојде до специфична ситуација за која ние Европејците мораме да разговараме со Иран. Знаме дека договорот не е совршен, но е подобар отколку да немате договор“, рече Меркел која беше прашања и за другите разлики со САД.

„Ние имаме силно трансатлантско пријателство, коешто во текот на историјата морало да издржи многу различни мислења, и сметам дека тоа и сега може да биде случајот. Но тоа не го доведува во прашање интензитетот на трансатлантски односи“, додаде германската канцеларка.

Некои политички коментатори од двете страни на Атлантикот сметаат дека заедничкото противење на ставот на Трамп кон Иран и другите прашања би можеле да доведат до повторно приближување на ЕУ и Русија и поправање на изразено лошите односи. Изјавите на Путин за Трамп, пак, ги оценуваат како невообичаено отворени. Иако рускиот челник често ја критикува политиката на Вашингтон, секогаш во изјавите и коментарите покажуваше почитување кон Трамп со којшто, како велат, изградил личен однос., германија, сад, северен тек 2