Путин и Меркел разговарале за украинската транзитна гасна рута

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале телефонски во понеделникот за продолжување на транзитот на рускиот гас кон Европа низ Украина што за оваа земја претставува значаен извор на средства, по истокот на договорот на 31-ви декември годинава, извести Кремљ.

„Во врска со денешните редовини трилатерални министерски консултации Русија-Украина-ЕУ кои се одржуваат во Брисел, двајцата државници разменија мислења за продолжување на транзитот на руски гас преку Украина во Европа, по истокот на десетгодишниот доковор на крајот од 2019 година“, се вели во соопштението на Кремљ.

Се истакнува дека „сите три страни се заинтересирани за една или друга варијанта“ за продолжување на договорот за транзитот на рускиот гас преку украинскиот гасоводен систем.

„На Русија ѝ се потребни украинските транспортни капацитетио и во текот на 2020 година не може целосно да се откаже од нов, ЕУ е заинтересиран за стабилна исппорака во текот на зимата и се залага за долгорочен договор за транзитот за Киев а да се гарантира атрактивноста на украинскиот гасен транспортен систем за вложувања и негова модернизација. Кога станува збор за Украина, таа се надева на склучување долгорочен договор, бидејќи доколку дојде до прекин на транзитот би ги загубила буџетските приходи во износ од 3 милијарди американски долари годишно“, се додава во соопштението на Кремљ.

Последниот круг од преговорите меѓу Русија, Украна и ЕУ за продолжувањето на договорот за транзитот на рускиот гас во Европа преку Украина беше одржан на 19-ти септември и траеше само 40 минута, а по него поптретседателот на Европската комисија за енергетската унија, Марош Шефчович, изјави дека првпат по многу години минал во многу конструктивен и позитивен тон.

Трите стани тогаш истакнаа дека продолжувањето на транспортот низ Украина и испораката на руски гас во Европа е можно речиси во секое сценарио, како и дека руската државна енергетска компанија „Газпром“, Украина и ЕУ се погрижиле и за можните „црни денови“ со полнење на рекордни количества гас во подземните резервоари.

Договорот за транзитот на рускиот гас во ЕУ преку Украина истекнува на 31-ви декември годинава. Русија предлага продолжување на договорот врз сегашните основи, а ЕУ сака укранскиот гасоводен систем да биде дел од поголем проект за испораки на гас од централна Азија во Европа.

Украинската државна енергетска компанија „Нафтогаз“ ја обвинува Русија дека има намера целосно да го прекине транзитот на својот гас преку Украијна. Москва, пак, повеќепати одговори дека без голед на градењето на другите гасоводи од Русија кон Европа, особено Северен тек 2 и Турски тек (кој го замени напуштениот Јужен тек), транзитот низ Украина може да продолжи доколку Украина предложи конкурентни услови.

Киев и Москва неколкупати досега водеа ткн „гасни војни“, во кои руската страна ја обвини украинската дека ги поткраднува испораките на рускиот гас за европските корисници, што предизвика недостиг од енергенсот во Европа. Кон крајот на 2008 година двете земји не успеаја да склучат нов договор, па „Газпром“ ги сопре испораките, но продолжи да ги испорачува неопходните количества за да ги исполни своиет обврски кон потрошувачите во ЕУ. „Нафтогаз“ и тогаш започна да зема дел од транзитниот гас, што доведе до најсериозното прекинување на испораги на гас во Евопа во историјата на самиот врв од зимата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.