Путин и на Шолц и Макрон им искажал подготвеност за разговори за извозот на украинските житарки

Рускиот претседател Владимир Путин и во саботниот телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и во телефонскиот разговор од петокот со италијанскиот премиер Марио Драги и со австрискиот канцелар Карл Нехамер, потврдил дека Москва е подготвена да разговара за начините на коишто на Украина ќе ѝ се овозможи да ги продолжи испораките од црноморските пристаништа.

Русија и Украина произведуваат речиси третина од глобалните резерви на пченицата. Истовремено Русија е најголемиот и клучен светски извозник на вештачко ѓубриво, а Украина е главен извозник на пченка и сончогледово масло.

„Русија е подготвена да помогне во изнаоѓањето за продолжување на непречениот извоз на житарки, вклучително и на украинското жито од црноморските пристаништа“, објави Кремљ.

Во соопштението се наведува и дека Путин на Шолц и на Макрон им рекол дека Русија е подготвена да го зголеми извозот на вештачко ѓубриво и земјоделските производи во напорите да се спречи посилна глобална прехранбена криза, доколку бидат укинати некои санкции, првенствено против рускиот финансиски сектор за да би можело да се остваруваат плаќањата..

Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека наводно предизвикува прехранбена криза со нејзината инвазија во Украина, и сега велат дека поради тоа се јавил недостиг и зголеми цени на горивата, енергијата, житарките и вештачкото ѓубриво. Москва, пак, возвраќа дека таквата ситуација во светот ја предизвикал Западот со невидените антируски санкции, посочува дека на истиот начин по кој Киев се снабдува со огромни количества западно оружје може да се извезува, а потсети дека поради тоа што украинската војска постави подводни мини пред црноморските пристаништа ризичен е извозот по морски пат.

Во продолжение од Кремљ објавија и дека Путин на соговорниците им рекол дека Русија е подготвена за продолжување на преговорите со Украина прекинати на крајот од март, главно под влијание на Лондон и Вашингтон.

„Особено внимание му беше посветено на статусот на преговорите, кои се замрзнати поради Киев. Претседателот Владимир Путин ја потврди отвореноста на руската страна на продолжување на дијалогот“, се истакнува во соопштението на Кремљ.