Путин и Порошенко разговараа во Нормандија

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со украинскиот претседател Петро Порошенко во Нормандија.

Нивниот разговор траел околу 15 минути, а тема а истиот биле можните мерки за де-ескалација на кризата. Москва би можела да го признае изборот на Порошенко.

Според информациите од Елисејската палата во наредните денови би можело да се дискутира и за прекин на огнот во Украина.