Путин и Трамп разговараа телефонски за Сирија, Блискиот исток и Северна Кореја

156

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега по должност Владимир Путин телефонски разговарале во вторникот доцна попладнето по средноевропско време, како што се наведува во соопштенија – за запирање на насилството во Сирија, првпат по американскиот ракетен напад во Сирија што ги влоши и онака лошите меѓусебни односи.

Белата куќа разговорот меѓу двајцата претседатели го оцени како „многу добар“ и информираше дека Трамп и Путин разговарале за формирање „безбедносни зони за деескалација“, со цел да се постигне траен мир во Сирија, за борбата против тероризмот „на целиот Блиски исток“ и за изнаоѓање на „најдобриот начин да се реши многу опасната ситуација околу Северна Кореја“.

„Разговорот беше многу добар и вклучуваше разгледување на сигурни и деескалациски зони за да се постигне траен мир поради хуманитарните и многу други причини“, се наведува во соопштението на американската администрација.

Белата куќа соопшти дека Вашингтон, откако претходно одбиваше, ќе испрати свој претставник на сириските мировни преговори во казахстанската престолнина Астана чиј нов круг се одржува во среда и четврток под покровителство на Русија, Турција и Иран.

„Разговараа детално и за соработката во искоренувањето на тероризмот на Блискиот исток. Исто така, разговараа и за тоа како да се реши многу опасната ситуација во Северна Кореја“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Во своето соопштение, пак, Кремљ наведува дека разговорот бил „деловен и конструктивен“ и оти во текот на разговорот челниците разгледувале „редица актуелни прашаа од соработката“, вклучително и „координацијата на активностите“ на Русија и САД во борбата со тероризмот во контекстот на сириската криза, заострената ситуација околу Северна Кореја. Путин и Трамп се согласиле дека ќе настојуваат да се сретнат во септември за време на одржувањето на самитот на земјите од Г20 во германски Хамбург, а дотогаш да ги продолжат телефонските контакти.

Руската страна истакнува дека Путин повикал на воздржаност и намалување на тензиите. Лидерите бил согласни за „воспоставување соработка која ќе се фокусира на дипломатските разврски за сеопфатното решени на проблемот“.

Путин и Трамп се договориле за интензивирање на дијалогот меѓу шефовите на дипломатиите за наоѓање решение за сириската криза. „Притоа се има предвид дека рускиот министер за надворешни работи и американскиот државен секретар оперативно ќе ги информираат челниците за постигнатиот напредок во оваа насока“, појаснуваат од Кремљ при што се истакнува дека со тоа се создаваат предуслови за постигнување вистинско решение во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.