Путин: Интеграцијата на Белорусија со Русија забрзува благодарејќи на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека сѐ поголемиот политички притисок од Западот ја забрзува интеграцијата на Белорусија со соседната Русија, која се одвива со различен интензитет повеќе од две децении.

„Политичкиот и општествениот притисок без преседан од страна на таканаречениот ‘колективен Запад’ нѐ тера да го забрзаме процесот на обединување, заедно да ја минимизираме штетата од незаконските санкции, поедноставно да завладееме со производството на бараните производи, да развиваме нови компетенции и да ја прошириме соработката со пријателските земји“, изјави Путин на билатерален форум.

Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањето на Заедницата на Белорусија и Русија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојузот Белорусија и Русија, со крајна цел создавање заедничка држава.

Во една анкета спроведена во 2019 година, повеќе од половината или 59 отсто испитаници Руси не знаеле воопшто дека постои ваква општествена формација меѓу двете соседни земји.

По доаѓањето на власт на белорускиот претседател Александр Лукашенко исчезна ентузијазмот за поголема политичка интеграција, бидејќи тој стравуваше од губењето на овластувањата и моќта, а често во минатото кокетираше и со Западот.

Меѓутоа, Лукашенко се премисли откако увиде дека западните земји во својот поход кон Русија имаат намера да изведат во Минск сличен преврат како и во Киев во 2014 година, а по претседателските избори во маја 2019 година кога не му беше признаена надмоќната победа и беа организирани масовни протести под обвинение дека се наместени резултатите. Тогаш Москва тогаш финансиски го поддржа во врска со наметнатите санкции, а му помогна и во нормализирање на безбедносната состојба имајќи ги предвид зголемените трупи на НАТО на белоруските граници.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу минатата седмица изјави дека двете земји мора да преземат итни заеднички мерки за подобрување на своите одбранбени способности и борбената готовност на единиците.

Според Договорот за Унијата, секоја држава останува суверена, но на граѓаните на другата држава им дава право на престој и државјанство. Унијата промовира економска интеграција, но пред две децении пропаднаа обидите за воспоставување заедничка валута. Потписничките се должни една на друга да ѝ помогнат во случај на напад од трета земја.

Изминатиот викенд на Западот со вознемиреност беше проследена изјавата на рускиот претседател Владимир Путин навести дека Русија ќе ѝ испорача на Белорусија ракетни системи „Искандер-М“, како и модернизирани борбени авиони „Су-25“ на средбата со белорускиот колега по должност Александр Лукашенко во Санкт Петербург по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во текот на разговорите пренесувани на телевизија Лукашенко на Путин му кажа дека Белорусија е загрижена за „агресивните, конфронтациски и одбивни“ политики на нејзините соседи Литванија и Полска, членки на НАТО и ЕУ.

Белорускиот челник од рускиот колега побара да ја разгледа можноста за „симетричен одговор“ на летовите на НАТО со нуклеарно оружје во близина на границите на неговата земја.

„Минск мора да биде подготвен на сѐ, дури и на користење тешко вооружување за одбрана на нашата татковина од Брест до Владивосток“, рече Лукашенко ставајќи ги Белорусија и Русија под иста именка, веројатно имајќи го предвид договорот за заедничка државен сојуз меѓу двете земји.

Лукашенко, кој првенствено побара зајакнување на белоруското воено воздухопловство, на тоа доби одговор дека тоа „сѐ уште не е потребно“ за симетричен одговор, но Путин оцени дека белоруските авиони произведени во Русија од типот „Сухој Су-25“, би можело да бидат надградени во руските фабрики, доколку тоа биде потребно

„Безбедноста на Белорусија ќе биде гарантирана благодарение на ракетните системи ‘Искандар-М’“ коишто ќе ги испорача Русија, порача Путин.

„Искандер-М“, мобилен балистички ракетен систем со кодно име на НАТЅО „SS-26 Stone“, го замени советскиот проектил Scud. Неговите две наведувани ракети имаат дострел до 500 километри и можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глави.