Путин извести дека сите руски вакцини се ефикасни, ги поддржа повиците за обединување на силите против Covid-19

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека сите руски вакцини против Covid-19 се ефикасни, и додаде дека земјата наскоро ќе ја регистрира и третата вакцина против коронавирусот, пренесува агенцијата РИА известувајќи за виртуелниот самит на Шангајската организација за соработка.

Русија претходно објави дека во декември ја воведува својата вакцина „Спутник V“, која беше регистрирана во август, за домашна употреба, иако сѐ уште не се објавени конечните показатели од испитувањето од доцната и крајната фаза која се спроведува во Москва на над 40.000 испитаници. Руските здравствени власти во вторникот рекоа дека оваа вакцина е ефикасна над 90 отсто, откако таквите информации за својата вакцина ги проследија американската и германската компанија „Pfizer Inc“ и „BioNTech“.

„Веќе постојат две регистрирани вакцини. И студиите покажаа и потврдија дека, прво, тие вакцини се сигурни и немаат сериозни нуспојави по употребата, а како второт, сите се ефикасни“, рече Путин во текот на видеоконференцијата.

Ефикасноста на руската вакцина се заснова на податоците собрани по веќе спроведеното вакцинирање, меѓу другото и на двете ќерки на Путин, додека се обработуваат податоците од кончената фаза од испитувањето кое треба да заврши следните денови.

Путин, исто така, рекол дека Москва е подготвена на соработка на вкацините против коронавирусот и се согласил со пакистанскиот премиер Имран Кан дека вакцините мроа да бидат широко достапни за целото човештво.

„Предлагам да не ги политизираме овие процеси, имајќи предвид дека тие лекови денес им се потребни на луѓето во целиот свет, без никакво претерување. И, секако, подготвени сме да соработуваме со сите земји во светот, како и со нашите партнери во ШОС“, рекол Путин.

Рускиот челник се согласил и со повикот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани за да се здружат напорите во справувањето со пандемијата.

„Вие рековте дека нѐ следи призракот на пандемијата, но кока што е познато, духовите ве плашат, а вирусите, за жал, ве убиваат. И не можам а да не се согласам со вашиот повик за обединување на силите во борбата против пандемијата“, рекол Путин по обраќањето на Гани.