Путин ја прифати поканата да ја посети Италија

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да ја посети Италија, којашто е една од земјите членки на Европската унија која е упорна во соработката со Русија и во настојувањата за затоплувањето на односите меѓу Брисел и Москва и укинување на санкциите.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој ја води владата која ја сочинуваат крајно десната партија Лига и евроскептична и антиестаблишмен Движењето пет ѕвезди кои инсистираат на подобрви врски со Русија како впрочем и претходната влада на левиот центар, во октомври престојуваше во Москва и го повика рускиот претседател Владимир Путин што поскоро да го посети Рим.

Кремљ во четвртокот објави дека дипломатите го подготвуваат дневниот ред на посетата. Русија има намера и добра волја да ги развива односите со Италија, беше додадено.

Конте во октовмри рече оти мислуи дека санкциите „мора да бидат надвладеани“, и додаде дека Рим сака да ги убеди другите земји од ЕУ да ги укинат. Италијанските компании, од кои околу 500 работат во Русија, догло време се жалат дека санкциите им наштетуваат на нивните деловни договори и лобираа во Рим за нивно укинување. Санкциите на ЕУ за работење со руските банки, финансискиот и енергетскиот сектор, беа продолжени во јуни, но истекуваат кон крајот на јануари кога во Брисел ќе се расправа одново за нив.