Путин: Киев ќе сноси последици поради акциите против народот

Властите во Киев ќе сносат последици вклучително и во односите со Русија заради акциите против народот на Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Тоа не е остра фаза, тоа е казнена операција која ќе има последици за луѓето кои ги преземаат тие одлуки како и за меѓународните доноси, изјави Путин на форум во Санкт Петербург.

– Ако навистина сегашниот режим во Киев почнал да ја употребува армијата против населението во државата, тогаш тоа е многу сериозно злосторство, додаде Путин.

Додаде дека и „легитимниот претседател на Украина Виктор Јанукович“ не си дозволил да ја испрати армијата против демонстрантите во Киев и покрај тоа што имал право за тоа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.