Путин: Либералните вредности се застарени

Рускиот претседател Владимир Путин, меѓу другото, во разговорот објавен во четвртокот, вели дека либералните вредности се надминати, бидејќи ги отфрлаат мнозинството од граѓаните на западните земји.

Путин во разговорот за Financial Times, притоа, рече дека неговата порано извонредно блиска политичка партнерка од Западот, германската канцеларка Ангела Меркел, направила кардинална грешка кога се решила за либералната политика во однос на имиграцијата од Блискиот исток.

„Либералната идеја претпоставува дека ништо не треба да се прави. Мигрантите може неказнето да убиваа, да ограбуваат и силуваат бидејќи нивните права како мигранти треба да се штитат. Кои права тоа би биле? Секое злосторство мора да има своја казна“, вели Путин во разговорот.

„Либералната идеја е застарена. Дојде во судирот со интересот на големо мнозинство од населението“, додава рускиот челник.

Путин притоа вели дека Русија не е хомофобна земја, како што сакаат да ја претстават на Западот, но дека подготвеноста на западните земји да ја прифатат хомосексуалноста и родовата неодреденост му се чини претерана.

„Традиционалните вредноста се постабилни и поважни за милиони луѓе, отколку либералната идеја, коајшто, според моето мислење, всушност исчезнува“, рече Путин.

Додаде и дека има впечаток дека либералните кругови настојуваат да ги користат проблемите коишто ги има католичката црква за да ја уништат воопшто црквата.

Рускиот претседател во разговорот за британскиот весник признава и дека од светските лидери најмногу се восхитувал од Петар Први, а меѓу неговите современици го истакна поранешниот француски претседтел Жак Ширак.

На забелешката на новинарот дека Петар Први е веќе одамна покоен, Путин смеејќи се одговора: „Тој ќе живеее сѐ додека живее неговото дело, како што е и со секој од нас. Ќе живееме додека живее нашето дело“.

„Ако мислите на некои од сегашните лидери од разни земји, од оние со кои сум имал можност да комуницирам, многу сериозно бев импресиониран од поранешниот француски претседател Жак Ширак. Тој е вистински интелектуалец, вистински професор, човек со голема тежина, многу интересен“, вели Путин.

„Кога беше претседател, тој (Ширак) имаше свое мислење за секое прашање, тој секогаш со уважување се однесуваше кон мнението на партнерот“, појасни Путин.

А доколку се зборува пошироко, додаде, во модерната истроја има многу примери за „добри и многу интерсени личности“.