Путин му изрази сочувство на Ердоган за гинењето на турските војници во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги започна разговорите за постигнување примирје во Сирија со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган, изразувајќи му на почетоткот од средбата поради загинувањето на турските војници во Сирија, чиј сојузник е Москва.

Путин на почетокот од состанокот во Кремљ рекол дека ситуацијата во сириската покраина Идлиб, каде бунтовнците заедно со турската војска се борат против силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад која ја имаа поддршка од руските сили и се раселени многу луѓе, станала толку тешка за што е потребен разговор на двајцата челници.

Ердоган рекол дека на средбата, којашто ја иницираше Путин, ќе бидат договорени мерки за деескалација во Идлиб.

Висок неименуван турски функционер рекол за Reuters дека Путин и Ердоган веројатно ќе договорат примирје на северот од Сирија. „Политичката дипломатија ќе биде поважна отколку воената дипломатија“, рекол.

Средбата се одвива во време кога неколку десетици турски војници ги загубија животите последните седмици во жестоките борби во покраината Идлиб, последното упориште на сириските бунтовници поддржани од Анкара, но и на џихадистичките групации. Турските сили во својата четверта операција во Сирија последните две години, од февруари водат офанзива притив армијата на владата во Дамаск.

Ескалацијата на насилството и тензиите на теренот предизвикаа и напнатост во односите меѓу Москва и Анкара кои во сирискиот конфликт поддржуваат спротиставени страни, заканувајќи се со отворен судир меѓу двете земји кои се наметнаа како главните меѓународни фактори во сирискиот судир.

Ден пред патувањето во Москва, Ердоган сепак изрази надеж дека на средбата со Путин ќе се зборува за „што поскоро прекинување на огнот“ во Идлиб.

Џејмс Џефри, специјалниот пратеник на САД за Сирија, кој во средата се сретна со турските челници, изјави на прес-кофнеренција во Истанбул во четвртокот дека иако Вашингтон ја поддржува Анкара, сѐ уште е „многи серуозно загрижен“ поради турското купување на рускиот противвоздушен ракетен систем „С-400“.