Путин најави распоредување на системи за противвоздушна одбрана С-500

Руската војска е во процес на распоредување на С-500, најнапредниот систем за противвоздушна одбрана во земјата, изјави Владимир Путин.

Рускиот лидер ги објави ова за време на обраќањето до дипломираните студенти на воените колеџи во Москва, кога ги опиша плановите на Русија за поставување напредни вооружени системи, кои, како што рече, „ќе ги одредуваат борбените способности на армијата и морнарицата во годините и децениите што доаѓаат“.

Путин изјави дека на ракетниот систем со долг дострел С-500, кој е дизајниран да пресретнува авиони и проектили и може да има некои антисателитски способности, му нема рамен во светот.

С-500 Прометеј беше дизајниран од производителот на оружје Алмаз-Антеј како продолжение на неговото семејство на ракети земја-воздух со долг дострел. Се верува дека има домет од 600 километри и е способен да пресретнува цели кои патуваат со хиперсонична брзина, вклучувајќи боеви глави на интерконтинентални балистички ракети.

Се вели дека „Прометеј“ е тесно интегриран со други системи „Алмаз-Антеј“, како што се С-400 и С-350, што ќе им овозможи на распоредените батерии да имаат синергија со другите елементи на слоевитоста на руската воздушна одбрана.

Шефот на Алмаз-Антеј, Јан Новиков, рече дека компанијата очекува С-500 да стане столбот на руските противвоздушни способности. Тој уште во април потврди дека системот отишол во сериско производство.

Според своите карактеритсти, С-500 значително ги надминува својот претходник С-400 и американскиот конкурент во класата напредни противвоздушни ракетни системи „Patriot Advanced Capability—3“, а испораките за руската армија започнаа во септември 2021 година.

Го опишуваат и како „вселенски“ одбранбен систем поради способноста да пресретнува интерконтинентални балистички ракети, хиперсонични крстосувачки проектили и напредни авиони.

Русија почна да го тестира во 2020 година и војската најави дека првично ќе биде распореден околу Москва. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2019 година кажа дека Анкара сака заеднички да го произведува системот С-500 со Москва.