Путин најави жалба поради забраната за руските спортисти

На руските спортисти им е забрането учеството на поголемите натпреварувања во наредните четири години, што според Путин ја крши Олимписката повелба.

На Русија и е забрането учество на најголемите спортски натпревари во светот во следните четири години, вклучувајќи ги следните Летни и зимски олимписки игри и Светскиот куп 2022 година, поради манипулирање со примероците и резултатите од тестовите за допинг.

Путин најави дека Русија ќе ја анализира одлуката, за која рече дека „мириса“ на политика и не е во интерес на спортот.

Извршниот одбор на Светската антидопинг агенција ја донесе одлуката врз основа на тоа дека Москва измислила лажни докази и избришала документи поврзани со позитивни резултати од тестовите што помогнало во идентификување на спортисти кои користеле недозволени средства.

Путин на прес-конференција во Париз по средбата со украинскиот претседател Володимир Зелински рече дека заклучоците на Агенцијата не содржат поплаки поднесени до Рускиот олимписки комитет. „Ако нема поплаки против земја, тогаш таа мора да се натпреварува под своето знаме. Ова е напишано во Олимписката повелба. Ова значи дека одлуката на Агенцијата ја крши повелбата. Имаме основа за жалба“, рече Путин.

Секоја казна мора да биде индивидуална и поврзана со она што го сторило лицето, рече рускиот претседател, додавајќи дека казната не може да биде колективна и да се однесува на лица кои немаат никаква врска со злосторството.

„Ако некој донесе одлука за колективната казна, мислам дека може да се претпостави дека основата на таквата одлука не е грижа за чистотата на меѓународниот спорт, туку политичка одлука што нема никаква врска со интересите на спортот или олимпиското движење“, рече Путин.