(ВИДЕО) Путин на одбележувањето на анексијата на Крим: Не сме биле вака обединети долго време

Руската национална телевизија прикажа бројни масовни прослави денес на осумгодишнината од анексијата на Крим од Украина.

Илјадници граѓани излегоа на улиците на повеќе градови, од престолнината Москва, до Петропавловск-Камчатски.

Колони автомобили минуваа низ улиците на градовите, со развиорени руски знамиња, во повеќе објекти настапуваа културно уметнички друштва кои потекнуваат или се поврзани со полуостровот Крим а граѓаните ги формираа и буквите „Z“ и „V“, кои станаа симболи на руската инвазија на Украина, или како што тоа го нарекува официјална Москва, специјалната воена интервенција. Свои настапи имаа и воените хорови на руската армија.