Путин: На Северна Кореја ѝ се потребни меѓународни безбедносни гаранции

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот по средбата со севернокорејскиот челник Ким Џон-ун изјави дека меѓународната заедница на Пјонгајнг би требала да му понуди гаранции за севернокорејската безбедност.

Нуклеарното разоружување на Северна Кореја нема да биде возможно без гаранции за територијалниот интегритет, рече рускиот претседател Владимир Путин во текот на прес-конференцијата која по средбата со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во Владивосток ја пренесувапе телевизијата,

На Северна Кореја ѝ се „потребни гаранции за нејзината безбедност, за зачувување на нејзиниот суверенитет“, рече рускиот претседател. Путин истакна притоа дека само на тој начин може да се реши нуклеарта криза и сојот состанок со Ким го оцени како конструктивен.