Путин наложи да се демобилизираат студентите од Доњецк и Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин наложи да бидат демобилизираните студентите од југоисточните украински регион со руско мнозинство во Доњецк и Луганск кои кон крајот на септември преку референдуми се решија за присоединување на Русија, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Како што појасни за новинарите во неделата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, станува збор за студентите од двата региона кои биле мобилизирани во тамошните милиции кои се одметнаа по превратот во Киев во март 2014 година, а пред нивното присоединување кон Русија.

„Во моментов силите на Народните милиции се интегрирани во вооружените сили на Руската Федерација по влегувањето на …. во Русија. Путин наложи да бидат демобилизирани студентите и да се организира нивното враќање на местото на студирање“, рекол Песков.

Сега демобилизираните студенти, чија бројка во моментов не може точно да се утврди, сега ќе бидат испратени дома и ќе го продолжат образованието, додал Песков.

Русија на 21-ви септември објави делумна мобилизација на 300.000 лица, малку повеќе од еден отсто од вкупниот резервен состав на војската, што се однесува во прв ред на оние кои скоро го служеле воениот рок, имале воено искуство или некоја воена специјалност. Редовните и вонредните студенти, според претседателскиот указ, се исклучени од мобилизацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.