Путин нареди развој на симетричен одговор на американското тестирање проектили

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот наредил да се анализира нивото на закана во врска со недоманешното американско тестирање на нова модификација на крстосувачки проектил, како и да се преземат мерки за подготовка на соодветен одговор, соопшти службата за одоси со јавноста на Кремљ.

„Истоврмено, имајќи ги предвид новите околности, им препорачувам на министерствата за одбрана и за надворешни работи, како и на другите релевантни агенции, да го анализираат нивото на закана кои ги претставуваат споменатите активности на САД за Русија, и да се преземат сеопфатни мерки за подготовка на симетричен одговор“, ја пренесува агенцијата ТАСС пораката на Путин искажана на советот со постојаните членови на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Покрај тоа, според Путин, „Русија сѐ уште е отворена за рамноправен и конструктивен дијалог со САД за враќање на меѓусебната доверба и зајакнување на меѓународната безбедност“.

На почетокот од обраќањето пред членовите на Советот за безбедност, рускиот челник потсетил дека Вашингтон неодамана тестираше крстосувачка ракета од копно која погодила цела на оддалеченост поголема од 500 километри, што е во спротивност со напуштениот од САД, Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), правдајќи го тоа со навдоните закани од Русија и Кина.

„Американците упорне негораа, тврдејќи дека копнениот МК-41 (користениот лансер – з.р.), наводно не е во состојба да лансира крстосувачки ракети ‘Tomahawk’ од поморски тип. Сега факте е дека договорот е прекршен, не може да се оправда, тие самите го кажаа“, истакнал Путин.

Се поставува прашање, продолжил Путина, што сега ќе биде распоредени во Полска и Романија, ракетни одбранбени системи (алудирајќи на американскиот проект „Ракетен штит“ против кој протестираше Москва – з.р.) или ракетни системени со голем дострел.

Рускиот претседател, исто така, истакнал дека САД лансирањето го извеле само 16 дена по официјалното откажување од договорот INF.

„И очиглено дека тоа не беше само импровизација, туку е уште една алка во низара настани одамна планирани и спроведувани“, рекол Путин потсетувајќи дека Москва долго време била свесна дека САД работата на развој на забранетото оружје.

Путин истакнал дека Вашингтон исценирал „пропагнадна кампања за наводно непридржување до одредбите од договорот од страна на Русија“.

„Како што сега стана очигледно за сите, единствената цел била да се прикријат активностите што ги спроведувал Вашингтон во кршењето на Договорот и веќе донесената намера да се повлечат од него“, појаснил Путин.

Руското раководство не се сомнева во тоа кои се вистинскате намери на американските колеги, додал рускиот челник.

„Ослободувајќи се од утврдените ограничувања, имаат одврзани раце за распоредување во различни региони на светот претходно забранетите ракети. Американските политичари од највисиките позиции велат дека распоредувањето на нвоите системи може да започне во Азиско-пацифичкиот регион, но и тоа влијае врз нашите дундаментални интереси, бидејќи тоа е во близина на руските граници“, појаснил Путин.

Притоа потсетил дека Москва никогаш не сакала да се вклучи во трката во вооружување и Русија е на седмото место во светот според трошоците за одбрана, додека САД се на првото место.

„Развојот на најновото оружје од страна на Русија беше испровоцирано од едностраното повлекување на Вашингтон од Договорот за ограничување на системите за противракетна одбрана во 2003 година. Едноставно бевме принуден и, секако, бевме должно да ја осигураме безбедноста на нашиот народ и нашата емја. Тоа ќе го направиме сега и, се разбира, ќе го правиме и во динина“, истакнал Путин.

САД ја организираа кампањата за обвинвуање на Русија за наводното нарушување на договорот INF обидувајќи се да ги прикријат своите вистински намери за уништување на договорот, повторил Путин и истакнал дека Москва нема да биде вовлечена во скапа трка за вооружување, и покрај постапките на Вашингтон,

„Како што знаете, никогаш не сакавме, не сакаме и нема да се вклучиме во скапата, деструктивна трка во вооружувањето за нашата држава“, рекол Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.