Путин одобрил соборување патнички авион во 2014-та

Рускиот претседател Владимир Путин одобврил да биде соборен патнички авион што наводно носел бомба чија цел било отворањето на Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

Путин самиот го кажува ова во двочасовниот филм објавен онлајн, додавајќи дека му било кажано дека патничкиот авион од Украина кон Турција бил грабнат непосредно пред почетокот на ОИ, додека со  функционери на МОК се движел кој спортските борилишта.

Подоцна било откриено дека информацијата била лажна тревога и авионот не бил соборен.

Филмот беше објавен непосредно пред изборите што ќе се одржат на 18 март. Путин има седум противкандидати, но не се очекува некој од нив да добие поширока поддршка, а на неговиот главен ривал, опозицискиот лидер Алексеј Навални, му беше забрането да се кандидира.

„Ми рекоа: киднапиран е авион од Украина за Истанбул, грабнувачите бараат да слета во Сочи“, вели Путин во филмот.

Пилотите на авионот Boeing 737-800 на турската авиокомпанија „Пегасус ерлајнс“ кои летале од Харков кон Истанбул со 110 патници и членови на екипажот, рекле дека еден од патниците има бомба и им рекол да го свртат авионот кон Сочи, вели новинарот Андреј Кондрашов.

Во филмот, Путин вели дека од службата за безбедност му рекле дека итната постапка во таква ситуација е да се собори авионот.

„Им реков, постапете согласно планот“, вели Путин.

Рускиот претседател вели дека наредил авионот да биде соборен непосредно пред отворањето на ОИ во Сочи. Неколку минути подоцна добил уште еден повик дека било лажна тревога. Набрзо потоа Путин пристигнал во Сочи за свеченото отворање.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ја потврди изјавата на Путин.

Првиот дел од документарецот „Путин“ беше објавен на социјалните мрежи, преку различни профили, вклучувајќи го оној на директорот на еден клучен државен медиум и новинар Дмитриј Киселјов, како и преку канал на YouTube ориентиран кон Кремљ.