Путин наскоро во посета на Србија

Рускиот претседател Владимир Путин доаѓа во официјална посета на Србија на 19 октомври.

Во Белград доаѓа во период кога српските власти се наоѓаат под притисок од страна на ЕУ дека не можат да развиваат премногу тесни врски со официјална Москва, а од друга страна да се залагаат за што поскоро членство во Унијата.

Путин во Белград ќе има средби со претседателот Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.  Главна тема се очекува да бидат случувањата околу изградбата на „Јужниот тек“.

Се очекува двете страни да дадат цврсти гаранции дека проектот ќе се реализира.